СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ШИЛЕГОВ СО БОРЦИТЕ ОД ГРАДСКИОТ ОДБОР НА НОАВМ 17.11.2017
Во чест на 13. Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска /13.11.2017 година/ се сретна со претставници на Градскиот одбор на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија.
- Денеска за првпат ја имам честа да Ви се обратам како градоначалник на Градот Скопје и да Ви се заблагодарам што ја подаривте вашата младост на овој град и што ни ја подаривте слободата. Генерации пред нас копнееја и тежнееја да го остварат сонот за независна македонска држава. Вашата генерација ја извојува таа победа и го ослободи градот и земјата од фашизмот. Борбата за слобода е перманентна, и нашата генерација е исправена пред сериозни предизвици. Редно е да ставиме крај на омразата и поделбите, за да оставиме нешто добро за генерациите што доаѓаат по нас. Скопје заслужува многу да вложиме во него, и како луѓе и материјално. Очекувам оваа убава традиција на средби да продолжи, да го славиме овој ден, да оддадеме почит на загинатите борци за слобода и со пригодна програма да го одбележиме Денот на ослободувањето на Скопје – рече градоначалникот Петре Шилегов, на средбата со борците.
Трајко Стаматовски, претседателот на Градскиот одбор на Сојузот на борци од НОАВМ рече дека се надева дека соработката меѓу Градот Скопје и Градскиот одбор на Сојузот на борци во иднина ќе се продлабочи, во знак на почит кон минатото, сегашноста, но и кон иднината.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
