ГРАДСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ РАБОТИ НА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИТЕ ПРЕДИЗВИКАНИ ОД НЕВРЕМЕТО 19.6.2018
![]() |
![]() |
По поројна бура со големи количини на врнежи и силен ветер која го зафати Скопје и регионот, веднаш се активираа службите на Градскиот штаб за заштита и спасување на Град Скопје, кои излегоа на терен за отстранување на проблемите предизвикани од невремето.
Итен состанок одржа Градскиот штаб за заштита и спасување на Град Скопје, на кои учествуваа претставници од Градот Скопје, јавните претпријатија и Противпожарната бригада на Скопје, се координираа активностите за побрзо отстранување на настанатите проблеми.
- На мерната станица во Зајчев Рид, За 25 минути измерени се 11 литри на метар квадратен. Имајќи предвид дека стануваше збор за пороен дожд, во делови од градот, овие количини се и поголеми. Ветерот дуваше со брзина од над 80 км/ч. Невремето предизвика наместа поплавени улици, десетици паднати дрвја, откорнати кровови, билборди, прекинати електрични кабли, а на територијата на градот се регистрирани и неколку помали пожари - кажа Емил Дуровиќ, Началник на Градскиот штаб за заштита и спасување на Град Скопје.
Како што извести Дуровиќ, екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување на Град Скопје, со целата механизација и човечки потенцијал од сите јавни претпријатија, противпожарната бригада, а помогнати од сообраќајната полиција веднаш излегоа на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите.
- Сите градски улици и булевари се проодни еден час по завршувањето на бурата. Сите пожари се изгаснати, паднатите дрвја отстранети, а единствено останува дорасчистувањето по општинските улици каде интензивно работиме заедно со општините – кажа Дуровиќ.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
