ГОЛЕМО ВЕЛОСИПЕДСКО ДЕФИЛЕ ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ 27.9.2017
Градот Скопје ги поканува граѓаните на големото велосипедско дефиле што утре /22.09.2017 година, петок/ ќе се вози на градските улици по повод 22 септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2017.
Ова традиционално дефиле ќе стартува во 10 часот од Порта Македонија и ќе продолжи по следната рута:
- Улица 11 Октомври до булеварот Кочо Рацин (се врти лево),
- булевар Кочо Рацин, булевар Крсте Мисирков (се врти лево),
- булевар Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по булевар ВМРО (се врти десно),
- булевар Партизански одреди до булевар 8.Септември (се врти десно),
- булевар 8.Септември, се врти десно по булевар Илинден, до Градскиот парк, кај Школката,
- Дефилето на велосипеди ќе заврши со музички хепенинг, лотарија и дружење.

Градот Скопје ги информира граѓаните дека за времетраењето на велосипедското дефиле на посочените улици сообраќајот делумно ќе биде во прекин.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
