ГОЛЕМ ВЕЛОПИКНИК НА СРЕДНО ВОДНО 27.2.2017
Во недела /17.09.2017 година/ Градот Скопје ги поканува граѓаните на големиот велопикник што ќе се одржи на паркингот на Средно Водно, од 9 до 13 часот, како дел од активностите во вториот дел од Европската недела на мобилноста 2017.
Имено, за во недела, од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно, а во 9:30 часот е предвиден стартот на турата.
По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците ќе имаат можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш, да уживааат во музичката програма со диџеј и многу други активности.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека во недела во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
