УТРЕ ГОЛЕМО ДРУЖЕЊЕ И ВЕЛОПИКНИК НА СРЕДНО ВОДНО 27.9.2017
Градот Скопје ги поканува граѓаните на велотурата и на големиот велопикник што ќе се одржи утре /17.09.2017 година, недела/ од 9 до 13 часот, на паркингот на Средно Водно (во близина на жичницата). Ова дружење се организира како дел од вториот ден на Европската недела на мобилност 2017.
Имено, утре, од 9 до 9:30 часот пред објектот на ИЗИИС е закажано собирањето на велосипедистите што ќе учествуваат во велотурата до Средно Водно, а за во 9:30 часот е предвиден стартот на турата.
По пристигнувањето на паркингот на Средно Водно, велосипедистите и рекреативците ќе имаат можност да погледнат промоција на велосипедските продавници и сервиси во Скопје, промоција на (не)формалните велосипедски водичи, да го истражат Водно со велосипед или пеш, да уживааат во музичката програма со диџеј и многу други активности.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека утре /17.09.2017 година/ во периодот од 9 до 13 часот за сообраќај ќе биде затворен патот кон Средно Водно, на потегот од објектот на ИЗИИС до Средно Водно, како и патот од „Свети Пантелејмон“ до Средно Водно, освен за автобусите на ЈСП.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
