ЕНВЕР МАЛИЌИ НОВ ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГРАД СКОПЈЕ 12.12.2017
Членот на Советот на Град Скопје, Енвер Малиќи е новиот заменик градоначалник на Скопје. Со ова решение Малиќи ќе го заменува градоначалникот на Град Скопје во време на спреченост или отсуство, односно ќе ги извршува сите обврски и ќе ги има сите овластувања во надлежност на градоначалник во согласност со закон.
Малиќи денеска оствари средба со градоначалникот Шилегов и дискутираа за идната соработка и предизвиците кои ги очекуваат.
Енвер Малиќи е избран за член на Советот на Град Скопје на локалните избори што се одржаа на 15 октомври 2017 година, од советничката листа на Демократската унија за интеграција.
Малиќи е долгогодишен стопанственик, сопственик на компанијата „ГЕМАК Трејд“, како и хотел „Парк Хотел и Спа“.
- ВЕСТИ
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
