ЗАТВОРЕНА ЗА СООБРАЌАЈ УЛИЦАТА ВТОРА МАКЕДОНСКА БРИГАДА 28.11.2017
Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот од 23.11.2017 година до 25.11.2017 година, поради реконструкција и асфалтирање на коловозот, за сообраќај ќе биде затворена улицата Втора македонска бригада, на делницата од улицата Лазо Трповски (кај кружната крстосница) до булеварот Христијан Тодоровски Карпош. Сообраќајот на оваа делница ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.
Во истиот период, автобусите кои ги опслужуваат автобуските линии со броевите 19 и 35 ќе бидат пренасочени по улицата Босна и Херцеговина, и во двата правци.
Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ја почитуваат привремено поставената сообраќајна сигнализација и воспоставениот режим на сообраќај и да ја приспособат брзината на движење кон условите на патот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
