ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ПОДГОТВЕНА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА СНЕГОТ ОД ГРАДСКИТЕ УЛИЦИ 19.1.2016
![]() |
![]() |
![]() |
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски денеска /03.01.2016 година, недела/ го посети пунктот на ова јавно претпријатие во Кисела Вода, каде е сместен еден од двата пункта каде се сместени возила и сол за потребите на зимската служба на Град Скопје.
- Градот Скопје и оваа година подготвено ја дочекува зимата, каде е спремна за одржување на магистралните и на собирните улици на подрачјето на Скопје во зимски услови. Зимската служба на Град Скопје оваа година за справување со снежните врнежи и чистење на магистралните и на собирните улици кои се во надлежност на Градот располага со повеќе од 30 возила и 2500 тони сол (1500 во пунктот во Кисела Вода и 1000 во Бутел). Покрај возилата на ЈП „Улици и патишта“, доколку се појави потреба, ќе се ангажира дополнителна градежна механизација. Во текот на денешниот ден екипите на зимската служба дејствуваа на територијата на Радишани, населбата Даме Груев и населените места во високите зони на Водно, рече градоначалникот Трајановски.
Екипите на зимската служба во наредниот приод ќе ја пратат состојбата во текот на 24 часа и ќе интервенираат секаде каде што ќе се појави потреба.
Градот Скопје апелира до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.
- ВЕСТИ
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa



