ЗИМСКАТА СЛУЖБА НА ГРАД СКОПЈЕ ГО РАСЧИСТУВА СНЕГОТ ОД ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ 15.3.2018
![]() |
![]() |
|
![]() |
![]() |
По врнежите на снег кои го зафатија скопскиот регион, екипите на Зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и интервенираа на булеварите и на магистралните улици што се во надлежност на Градот.
Во текот на изминатите часови поминати се сите булевари и улици што се во надлежност на Градот Скопје, а дополнително со сол се поминати и т.н. „критични точки“.
На терен зимската служба интервенира со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и машини (16 возила на зимска служба и 3 грејдери), а на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени се 455 тони индустриска сол.
Во текот на вечерта пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Припор го посети и градоначалникот Шилегов, кој ги координираше активностите на зимската служба.
И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот.
Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите.
Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и
поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Апелираме до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
