Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје 01.3.2023

Градот Скопје ќе распише нов повик за вклучување на приватните превозници во јавниот превоз во главниот град.

Јавниот повик ќе ги содржи условите за аплицирање како и во претходните два јавни повици, со тоа што ќе може да аплицира секој превозник кој планира чесно и одговорно да се држи до договорот за јавен превоз. На овој јавен повик, нема да можат да учествуваат „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ поради пречките кои произлегуваат од претходниот, сега раскинат договор кој предвидуваше забрана за учество на јавен повик доколку договорот се раскине пред истекот на истиот и по нивна вина.

Напоменуваме дека Град Скопје нема никаков долг кон превозниците, договорните одредби предвидуваат единствено услови за вршење превоз на територија на градот. Што се однесува до тековните обврски од ЈСП Скопје кон приватните превозници, истите ќе бидат исплатени согласно потпишаните договори, додека трае јавниот повик за нови договори за јавен превоз. 

Со задоволство може да констатираме дека градот Скопје конечно воведува ред во јавниот превоз на патници, согласно сите стандарди, при што новото координативно тело на превозниците покажа желба за соработка и прилагодување согласно стандардите со цел граѓаните да добијат квалитетен јавен превоз.