
Трибини и работилници за унапредување на менталното здравје кај младите 01.2.2023
Денеска го реализиравме вториот настан од серијата трибини, работилници и истражувања насочени кон унапредување на менталното здравје на младите, со особен акцент на зајакнување на капацитетите на средните училишта за препознавање, намалување и спречување на врсничкото насилство.
На денешната трибина на тема како да се намали врсничкото насилство кај младите, членовите на стручните служби на Град Скопје и средните училишта, ученици и претставници на релевантни институции и организации, дискутираа за теми поврзани со застапеноста на врсничкото насилство, различните форми на манифестација, како и неопходноста од јасно дефинирање и навремено препознавање на врсничкото насилство со цел негова превенција.
Во соработка со учениците од средните училишта се дефинираат препораки за подобра грижа на младите и ефективни механизми за справување со насилно однесување. Град Скопје активно се залага и работи во соработка со наставните кадри и учениците за справување и намалување на врсничкото насилство и унапредување на добросостојбата на учениците.
- ВЕСТИ
- 14.03.2023 - Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони
- 13.03.2023 - Нов мега-парк во Чаир
- 12.03.2023 - Положено цвеќе во чест на 7144 македонски Евреи
- 10.03.2023 - Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија
- 09.03.2023 - Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба
- 06.03.2023 - Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“
- 04.03.2023 - Реконструкција на улицата Александар Урдаревски
- 01.03.2023 - Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје
- 28.02.2023 - Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ
- 17.02.2023 - Нов кружен тек во Ѓорче Петров