Градски паркинг со санкции за 167 непрописно паркирани возила на зелени и јавни површини 01.4.2022
Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 167 возила од зелени и јавни површини. Непрописно паркираните возила се отстранети по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Јавното претпријатие Градски паркинг апелира до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Корисниците на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата да избегнат глоби и дополнителни трошоци. Плаќањето за паркинг услугата може да се изврши преку СМС порака или со картичка.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
