ЗАВРШИ ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИШТО КУПИЛЕ ВЕЛОСИПЕДИ 01.11.2022
Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди е завршен.
Јавниот повик траеше од 26.08.2022 до 01.11.2022 година и на истиот аплицираа 1.370 граѓани.
Целта на јавниот повик е подобрување на квалитетот на воздухот во градот Скопје, намалување на загадувањето предизвикано од сообраќајот и унапредување на здравјето на луѓето преку стимулирање на граѓаните на градот Скопје за користење велосипеди.
Средствата што Градот Скопје ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.
За потсетување, јавните повици за субвенционирање за купување велосипеди и електрични тротинети за млади од 15 до 29 години се се уште во тек и ќе траат до 15 ноември 2022 година.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
