Се уредува страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје 02.4.2022
Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве работат на средување на страничното и средишно зеленило на булеварот Александар Македонски на излезот од Скопје.
На потегот од ,,Агросервис" до надвозникот на автопатот Скопје – Велес се коси тревната површина и диво израсната вегетација, а се собираат и отпадоци од средишната жардиниера и страничното зеленило покрај автопатот.

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ континуирано работат и на чистење на парк шумата Водно. Во рамките на овие активности, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ изминатата недела собраа два полни камиони со отпадоци.
Апелираме до граѓаните да се грижат за природата, да го одложуваат отпадот во најблиската корпа за отпадоци и да го одржуваме Водно чисто.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
