Соопштение за јавност 03.4.2023
По повод Светкиот ден на свесноста за аутизмот, Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска ја посети ликовната работилница во дневниот центар на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“.

Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорната терапија и третманот на деца со аутизам кои активно ги спроведува здружението „Во мојот свет“. Преку реализацијата на овие активности се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на дечињата со аутизам, а со тоа и подобрување на квалитетот на живот и создавање услови за нивна самостојност.

Градот Скопје континуирано работи и поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на лицата од аутистичен спектар и нивните семејства. Затоа на следната седница на Советот на Град Скопје, градоначалничката ќе предложи финансирање на проектирање и изградба на првиот центар за целодневна грижа, едукација и поддршка за деца со аутистичен спектар и атипичен развој и нивните семејства.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
