Градот Скопје обезбедува поддршка за сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи 03.5.2022
Градот Скопје со поддршка се вклучува во спроведување на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи што се реализира од Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет“ Скопје. За активностите и динамиката на реализацијата, денеска разговараа градоначалничката Арсовска со претставници од здружението.
- Со реализацијата на овој проект се овозможува квалитетен третман за сензорна интеграција на децата со аутизам и АДХД од семејства во ризик и со ниски примања. Овој третман нуди можност да се подобри квалитетот на живеење на деца со аутизам и АДХД и создавање услови за нивна самостојност, истакна Арсовска на средбата.
Спроведувањето на сензорна терапија и третман на деца со аутизам од социјално ранливи групи на децата им овозможува индивидуална дизајнирана најсовремена терапија за сензорна интеграција со вклучен логопедски и дефектолошки третман.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
