
Прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава во Скопје 03.8.2022
Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 05.08.2022 година (петок) ќе започне дезинсекцијата против ларви од комарци, а на 08.08.2022 година (понеделник) дезинсекцијата против возрасни форми на комарци.
Прскањето ќе се врши според следниов распоред:
- Терестричната дезинсекција против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализираат на 05.08.2022 година (петок), во текот на денот.
- Авионската дезинсекција, против ларви од комарци, на подрачјето на градот Скопје ќе се реализира на 06.08.2022 година (сабота), во раните утрински часови.
- Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци ќе се одвива од 08.08.2022 година (понеделник) до 11.08.2022 година(четврток), во период од 22 до 03 часот, наредниот ден.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин.
- ВЕСТИ
- 17.08.2022 - Се формира нов зелен коридор на булеварот Партизански одреди во општина Ѓорче Петров
- 12.08.2022 - Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје
- 11.08.2022 - Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев
- 10.08.2022 - Викендов прскање против комарци по осми пат во Скопје
- 09.08.2022 - По четири децении се реконструира улицата Скоевска во Радишани
- 08.08.2022 - Од денеска започнува аплицирањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје
- 05.08.2022 - Се уредува нова парковска површина и пешачки патеки во Ченто
- 03.08.2022 - Прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава во Скопје
- 29.07.2022 - По бројни наследени проблеми, булеварот Киро Глигоров во завршна фаза
- 27.07.2022 - Арсовска: Започнува реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк