Големата работна акција од денеска продолжува во општина Аеродром 04.4.2022

Градот Скопје заедно со градските јавни претпријатија и во координација со Oпштина Аеродром на терен ја реализираат голема пролетна работна акција на подрачјето на општина Аеродром. Екипите координирано до крајот на оваа недела спроведуваат активности за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, дезинфекција на контејнерите, собирање кабаст отпад, санирање на оштетувања на коловозите, обновување  и поставување на сообраќајната сигнализација, садење нови садници и уредување на зеленилото, санации на пријавени дефекти и проблеми од граѓаните, заловување на бездомни кучиња и можности за нивно вдомување по нивен хуман третман, целосно чистење на атмосферските и фекалните линии,  како и прочистување на дождовните сливници на булеварите и градските улици.

Во рамките на оваа голема акција, ЈП Комунална хигиена покрај активностите за рачно и машинско метење и миење на булеварите и улиците, како и миење и дезинфекција на контејнерите,  денеска ќе започне и со отстранување на две диви депонии лоцирани во оваа скопска општина.

ЈП Комунална хигиена постави и специјални садови за кабаст отпад на неколку локации, каде што граѓаните ќе можат да го остават, по што тој бесплатно ќе биде подигнат и транспортиран на соодветна локација од ова градско претпријатие.

 

  1. Населба: Јане Сандански (04.04.2022-10.04.2022)

Бул. АСНОМ бр.68;

  1. Населба: Ново Лисиче (04.04.2022-10.04.2022)

бул. Видoe Смилевски Бато бр.19;

  1. Населба: Ново Лисиче (04.04.2022-10.04.2022)

бул.АСНОМ бр.5 (кај „Рамстор“);

  1. Населба: Лисиче (04.04.2022-10.04.2022)

ул.Ернест Телман кај препумпната станица;

  1. Населба: Лисиче (08.04.2022-10.04.2022)

ул.Димитар Туриманџовски (спроти Спорт лајф);

  1. Населба Стар Аеродром (04.04.2022-07.04.2022)

ул.Коста Новаковиќ бр.48 (23 Октомври бр.29);

  1. Населба: Мичурин (08.04.2022-10.04.2022)

ул.Анастас Митрев, зад картонажата, кај трансформаторот.

 

Значајно е да се нагласи дека во рамките на работната акција во општина Карпош изминатата недела, заклучно со 03.04.2022 година, во специјалните садови на ЈП Комунална хигиена беа одложени вкупно 192 кубни метри кабаст отпад.

Јавното претпријатие Дрисла во рамките на акцијата ќе го прима,  складира и депонира комуналниот отпад, градежниот шут и другите видови отпад што ќе биде собран на територијата на општина Аеродром.

Пролетната акција во општина Аеродром почна денеска, 4 април, и ќе трае се до 8 април, а потоа теренските екипи на јавните претпријатија ќе продолжат со работа во наредната општина којашто е планирана, каде што ќе работат на точно утврдени локации по примерот на општините Кисела Вода, Карпош  и Аеродром.