Поставени околу 100 заштитни столпчиња на булеварот Трета македонска бригада 04.5.2022
Екипите на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје деновиве поставуваат заштитни столпчиња на булеварот Трета македонска бригада. Столпчињата се поставуваат за да се спречи непрописното паркирање на возилата по пешачките и по велосипедските патеки, како и на влезовите од околните улици.
Досега се поставени околу 100-тина заштитни столпчиња на пешачките островца и на влезовите од приклучните улици на булеварот Трета македонска бригада, како и во насока кон улицата Васко Карангелевски.
Според планот за работа, екипите на ЈП Улици и патишта и во наредниот период ќе продолжат да поставуваат заштитни столпчиња по должината на булеварот на сите места каде што ќе има потреба за да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
