ПРИВРШУВА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА МОСКОВСКА 05.8.2019
Проектот за целосна реконструкција на улица Московска влегува во завршна фаза.
Со овој проект се врши реконструкција на улица Московска на потег од крстосницата со булевар Партизански одреди до крстосницата со булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Васил Чакаларов, во вкупна должина од 690 метри.
Со овој проект ќе се извади стариот и оштетен коловоз и ќе се постави нов асфалт на површина од околу 9.000 квадратни метри.
Најголемиот дел од градежните работи на улицата се завршени и останува уште да се изведе поврзувањето со булеварот Партизански одреди, кое треба да заврши деновиве, како и да се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.
За реконструкцијата на оваа улица Град Скопје ќе потроши околу 8,2 милиони денари со пресметан ДДВ.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
