Аплицирајте за субвенции за велосипеди 05.10.2022

На Јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на подрачјето на градот Скопје за купување велосипеди кој беше објавен на 26.08.2022 година, досега аплицирале над 1.200 граѓани. Градот Скопје ги известува граѓаните дека предвидениот буџет за овој вид на субвенции сеуште не е искористен и има средства за субвенции за велосипеди.
Градот Скопје ги охрабрува граѓаните да аплицираат за субвенција за велосипед и со тоа да дадат свој придонес кон заштитата на животната средина.
Јавниот повик ќе трае заклучно со 01.11.2022 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од Буџетот на Град Скопје за оваа намена. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50% од вредноста на еден велосипед, но не повеќе од 4.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.