СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше и го остави со 3,9 милиони евра финансиска дупка 05.5.2022
Ниедна лага од СДСМ нема да го испере срамот кој го ставија во Градот Скопје. Корупциските скандали, бројните злоупотреби од претходното градско раководство и директорите на претходниот градоначалник Шилегов кои трошеа и правеа огромни сметки за лични луксузирања нема да бидат покриени со лажните соопштенија за нечии оставки со кои се манипулира јавноста.
Милионските долгови, организационскиот хаос и негрижата за вработените се она кое СДСМ и претходното градско раководство го оставија во јавните претпријатија.
СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше, го остави во 3,9 милиони евра долг, со неподмирени долгови кон добавувачите до преку 240 милиони денари, со само 140 возила за цело Скопје, со негрижа кон барањата на скопјани и вработените во претпријатието, со редуцирани возни редови, правејќи непродуктивни трошоци и очајна финансиска состојба.
Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку што претходниот градоначалник и поранешниот директор направиле за целокупниот нивен мандат. Зголемен е вкупниот приход за цели 65% во споредба со истиот период минатата година, а остварени се приходи од тековното работење во висина од над 45 милиони денари, се со цел вистинско консолидирање на ова јавно претпријатие кое е во служба на сите граѓани.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
