
Се уредува нова парковска површина и пешачки патеки во Ченто 05.8.2022
Екипите на јавните претпријатија на Градот Скопје изминатиов период работат на изградба на нова парковска површина во населбата Ченто, во општина Гази Баба, кај каналот на улицата Јужноморавски бригади.
Станува збор за нов парк што се простира на површина од 5.000 квадратни метри. Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ претходно целосно го расчистија просторот, поставија нов систем за полевање, а во наредниот период ќе се формира и тревна површина. Новиот парк ќе биде збогатен и со два нови видиковци изработени од дрво.
Екипите на ЈП „Улици и патишта“ во моментов на терен ги изведуваат пешачките и пристапните патеки во паркот. Новиот парк ќе има една главна пешачка патека во должина од 100 метри и широчина од 2,70 метри, или со вкупна површина од 350 квадратни метри. Дополнително, во новиот парк ќе се изградат и две помали пристапни патеки, кои ќе водат до новите видиковци, кои ќе бидат во должина од по 20 метри и со широчина од 1,50 метри. Покрај патеките на повеќе локации се планира и поставување на клупи и друг вид на урбана опрема.
Со сите содржини новиот парк во Ченто ќе биде вистинско место за рекреација и пријатен престој на отворено за посетителите од сите генерации.
- ВЕСТИ
- 17.08.2022 - Се формира нов зелен коридор на булеварот Партизански одреди во општина Ѓорче Петров
- 12.08.2022 - Арсовска: На Меѓународниот ден на младите за првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје
- 11.08.2022 - Реконструирана пешачката патека на булеварот Гоце Делчев
- 10.08.2022 - Викендов прскање против комарци по осми пат во Скопје
- 09.08.2022 - По четири децении се реконструира улицата Скоевска во Радишани
- 08.08.2022 - Од денеска започнува аплицирањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје
- 05.08.2022 - Се уредува нова парковска површина и пешачки патеки во Ченто
- 03.08.2022 - Прскање против ларви и возрасни комарци по седми пат годинава во Скопје
- 29.07.2022 - По бројни наследени проблеми, булеварот Киро Глигоров во завршна фаза
- 27.07.2022 - Арсовска: Започнува реконструкцијата на пешачките патеки во првиот дел од Градскиот парк