Градот Скопје реконструира 26 улици во Ѓорче Петров 05.10.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и директорот на ЈП Улици и патишта, Саид Саид беа на увид на финалната фаза од изградбата на 26 улици во општината Ѓорче Петров со вкупна површина од 16.000 метри квадратни.
- Станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните со цел да добијат улици и услови какви што заслужуваат. Во финалната фаза се пристапи кон изградба на улици во Стопански Двор со што се заокружува проектот на изградба во пет населени места во оваа општина, и тоа во Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор, каде се изгради патна инфраструктура во должина од пет километри. Работиме за сите да обезбедиме соодветни услови, програмска определба е во Скопје да не се дозволи без соодветен развој да се дел од населените места кои до сега биле заборавени, а таа слика ја подобруваме на со градежната офанзива, за рамномерен развој во урбаниот и руралниот дел на Скопје, вели Арсовска.
Директорот на ЈП Улици и Патишта, Саид Саид на увидот истакна дека од вчера е започнато да се работи на подготовка на асфалтирање на улиците кои се дел од завршната фаза на проектот, со ископ на гребен асфалт, поставување на тампон слој и пристапување кон асфалтирање со нова асфалтна маса, со што ќе се подобрат условите на живеење на граѓаните кои живеат тука, а воедно ќе се влијае и на подобрување на безбедноста во сообраќајот, истакна Саид.
- ВЕСТИ
- 18.09.2024 - Соопштение за јавност: Oтворање на културната манифестација „Ритамот на чаршијата
- 15.09.2024 - Соопштение за јавност
- 13.09.2024 - Соопштение за јавност
- 11.09.2024 - Соопштение за јавност: Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата
- 07.09.2024 - Соопштение за јавност
- 06.09.2024 - Jавен повик за времено работно ангажирање на образовни асистенти-проект за општествено корисна работа
- 03.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 02.09.2024 - Соопштение за јавност
- 30.08.2024 - Отворено писмо до Претседателот на Владата на РМ