РЕКОНСТРУИРАНИ УЛИЦИТЕ БИХАЌКА И ЦРНИЧЕ 05.11.2019
Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на коловозот и на дел од тротоарите на улицата Бихаќка и на улицата Црниче, меѓу општините Центар и Кисела Вода.
Оштетениот коловоз е обновен на должина од 810 метри, на потегот од раскрсницата кај подвозникот, се до улицата Востаничка.

Во текот на реконструкцијата беше отстранет стариот и оштетен асфалт, беше нанесен нов асфалтен слој и беше обележана хоризонталната сигнализација. Исто така, се реконструирани и дел од оштетените тротоари на овој потег за да се овозможи непречено движење на пешаците.

За реконструкцијата на овие улици Град Скопје потроши околу 9 милиони денари.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
