Арсовска на терен со директорите на јавните претпријатија, со координирана акција службите од Град Скопје интензивно работат на чистење и проодност на булеварите 06.3.2022
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска на терен во увид на состојбата на улиците и булеварите во надлежност на Град Скопје.

Арсовска денеска заедно со директорот на ЈП Улици и Патишта Борис Настов, директорот на ЈП Комунална хигиена, Зуди Енузи, директорот на ЈП Паркови и зеленило, Ангеле Сотировски, ја координираше акцијата на службите за чистење и проодност на улиците и булеварите низ главниот град.

Се изврши увид на состојбата на главните булевари, кои се проодни, а од вечерните часови вчера и рано утринава продолжува веќе почнатата акција на интензивно чистење. Улиците и булеварите се проодни, сите јавни претпријатија и зимската служба интензивно работат за проодност и чисти површини од обилните снежни врнежи.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
