Арсовска на отворањето на САРАЈ ФЕСТ: Град Скопје се гордее со меѓународниот фолклорен фестивал Сарај фест 06.5.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, вечерва го отвори Меѓународниот фолклорен фестивал „САРАЈ ФЕСТ“ што се одржува по 12- ти пат во општината Сарај.

Градот Скопје може да се гордее со ваков меѓународен фолклорен фестивал, се надевам дека овие три дена ќе уживате во богата културно-уметничка програма на 15-те фолклорни групи и уметници, кои ќе имаат прилика да се претстават со традиционални песни и ора, истакна градоначалничката Арсовска и го отвори фестивалскиот настан.

Арсовска пред присутните истакна дека ваквите културни манифестации пред се ја збогатуваат културната понуда на градот Скопје, а нивното значење е обединувачко за развој на различните традиционални фолклорни елементи и народните песни кои се богатство на нашиот народ.

Овој меѓународен фестивал, кој ќе трае три дена, се организира од културно уметничкото друштво „Дрита е Дервенит“, а истиот е поддржан од Град Скопје.

На фестивалот ќе настапат над 15 културни уметници и групи од соседните земји Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и уметнички групи од Македонија. Учесниците во текот на трите фестивалски дена ќе се претстават со традиционални песни и ора.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
