ДОДЕЛЕНИ БЛАГОДАРНИЦИ НА УЧЕСНИЦИТЕ ВО СПАСУВАЧКАТА АКЦИЈА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ДРАЧ 06.12.2019
Градоначалникот Шилегов и заменик градоначалникот Енвер Малиќи денеска им доделија благодарници на пожарникарите и на доброволците коишто беа дел од екипите што заминаа во Албанија и учествуваа во спасувањето на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Драч.

Благодарници им беа доделени на доброволците Артан Демири, Исма Рамадани, Неџати Бериша, Зекирија Мурат и Јахи Исеновски, како и на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје Владимир Симоновски, Трајче Кметовски, Среќко Цимевски и Нуредин Мустафа.

Пожарникарите и доброволците се приклучија на спасувачките служби и учествуваа во извлекување и спасување на повредените во земјотресот, како и во расчистување на урнатините од оштетените објекти.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
