Започнува реализација на проектот Скопје 24 часа во служба на граѓаните 06.12.2021
Град Скопје од денеска ја става во функција електронската адреса за комуникација со граѓаните 24@skopje.gov.mk како чекор кон транспарентно управување за Скопје 24 часа во служба на граѓаните. На оваа електронска адреса граѓаните ќе можат да пријавуваат проблеми, а градската администрација ќе биде задолжена да одговори на барањата на граѓаните.
Во моментов се вршат последните подготовки за ставање во функција и на Канцеларија за комуникација со граѓаните која ќе биде отворена 24 часа за нивните потреби, а целиот процес ќе се одвива етапно во следните три недели.
Град Скопје ќе се трансформира во град со целосно дигитализирана администрација, а јавните услуги ќе бидат брзи, ефикасни и транспарентни.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
