Арсовска: Забрзано се работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во Радишани 07.9.2022
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски извршија увид во градежните работи на реконструкцијата на улицата Скоевска во населба Радишани, што започнаа пред еден месец.

- Денеска извршивме увид во започнатите градежните активности на улица Скоевска, чија реконструкција предвидува обнова на коловоз како и партерно уредување и зеленило за прв пат по 4 децении, со што се подобрува безбедноста и движењето за учесниците во сообраќајот и овозможува соодветна патна инфраструктура -кажа градоначалничката Арсовска.

Таа додаде дека Градот ќе ги продолжи теренските активности и реализацијата на инфраструктурните проекти со цел надминување на долгогодишните проблеми и предизвици со кои се соочуваат скопјани.

Во проектот е предвидена целосна реконструкција на коловозот на улицата и на нејзините три краци, со вкупна должина од околу 1800 метри и ширина од 6 метри, од крстосницата со ул. Ѓоре Ѓоревски до крстосницата со ул. Радишанска, како и партерно уредување и зеленило.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
