Продолжува санацијата на булеварите во Скопје 07.2.2022
Град Скопје и ЈП „Улици и патишта“ продолжуваат секојдневно да ги санираат поголемите оштетувања на коловозите на булеварите и на улиците со поголем проток низ Скопје.
Денеска ќе се изврши санација на ул. Ацо Шопов (Скупи), ул. Црногорска и ул. Лука Геров (до последна 22 во с. Волково) во општината Ѓорче Петров, бул. Борис Трајковски (правец од нас.Драчево кон нас.Пинтија), како и на бул. Теодосиј Гологанов каде што покрај санација на големите оштетувања ќе се нивелираат и шахтите кои долг период предизвикуваат поголеми штети на возилата на граѓаните.
Екипи на Град Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ секојдневно се на терен и детектираат каде има потреба од итна санација на коловозот, но исто така се врши сондажа за потребата од дополнителна сообраќајна сигнализација низ градот која ќе ги намали сообраќајните незгоди и ќе помогне за подобра видливост на пешачките премини.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
