Екипите на ЈП Водовод и канализација изминативе денови активни на терен 08.3.2022
Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од Секторот Канализација, во текот на викендот и вчера поради интензивните врнежи од снег излегоа на терен и ги расчистуваа сливниците и шахтите, за да може да функционира атмосферската канализација на територија на град Скопје.

Изминатата недела екипите од јавното претпријатие покрај редовните теренски проверки и работни активности, интервенираа и на неколку локации во градот, со цел непрекинато и квалитетно водоснабдување за скопјани.
Преку секторот Водовод интервенирале на отстранување на дефекти на следните локации: Батинци 3/52, Долно Свиларе улица 1 бр.9, улица Џон Кенеди 5, улица Антон Димитров 104, улица Серска, улица Љубо Петровиќ 14, улица Коце Металец кај Ремедика, улица Јани Лукровски, с.Долно Свиларе, улица Тодор Чангов 31/11 и на Плоштад Македонија. На улицата Војдан Чернодрински бб. направиле нов водоводен приклучок .

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел зголемување на квалитетот на услугите за корисниците посветено работи на одржување на водоводната и на канализационата мрежа во град Скопје.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
