Соопштение за јавност 08.11.2023
Завршена е изградбата на улицата Васко Карангелески, проект со чија реализација се овозможува сообраќајно поврзување на три главни булевари во општина Аеродром.

- Со изградбата на улицата жителите на овој дел од Скопје добиваат ново сообраќајно поврзување помеѓу булеварите АСНОМ, Јане Сандански и Трета македонска бригада, со што значително ќе се намали сообраќајниот метеж со кој беа секојдневно соочени жителите на Аеродром. Ваквите сообраќајни решенија покрај својата основна функционалност ја зголемуваат безбедноста и сигурноста за сите учесници во сообраќајот – истакна градоначалничката Арсовска.

Арсовска додаде дека овој проект претрпе повеќе измени за да се зачувува зеленилото, бидејќи во претходниот проект беше предвидено сечење на дрворедот по целата должина на улицата.
- Со промените коишто ги направивме во проектот, над 100 дрвја беа зачувани, а со специјална машина за пресадување на дрвја се пресадија повеќе здрави дрвја на потегот кај основното училиште „Љубен Лапе“ и на локација на самата крстосница. Деновиве во рамките на есенската акција по должината на улицата се засадени 825 нови садници – додаде Арсовска.

Со ова целосно ново булеварско решение и поврзување со две коловозни ленти во двата правци, во должина од 1.100 метри и вкупна површина од 10.600 квадратни метри улицата има нови пешачки и велосипедски патеки од двете страни, како и ново јавно осветлување, а на дел од трасата на улицата се изгради нова атмосферска канализација.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
