
Посета дневен центар за престој на деца во ризик во Шуто Оризари 09.2.2023
Градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, заедно со градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш, денес го посетија Дневниот центар за престој на деца во ризик „Патека на надежта“ каде се запознаа со стручниот тим на Здружението на граѓани за иницијатива за развој и инклузија на заедниците, како и со децата корисници на услугите на центарот.
Дневниот центар го користат дечиња на возраст од шест до 10 години, со цел да воспостават здрави хигиенско-диететски навики, да се стекнат со животни вештини преку посебни програми, како и да добијат поддршка за полесен пристап и редовно следење на образовниот процес.
Во дневниот центар стручниот тим кој секојдневно работи со децата е составен од социјален работник, педагог, психолог и помошен персонал. Градот Скопје продолжува континуирано да поддржува значајни проекти за подобрување на квалитетот на животот на децата во ризик и социјално ранливите категории на граѓани.
- ВЕСТИ
- 14.03.2023 - Средба во Брисел и учество на Европскиот комитет на региони
- 13.03.2023 - Нов мега-парк во Чаир
- 12.03.2023 - Положено цвеќе во чест на 7144 македонски Евреи
- 10.03.2023 - Отворена првата градска биотехнолошка лабораторија
- 09.03.2023 - Реконструкција на водоводна мрежа во Гази Баба
- 06.03.2023 - Започна реконструкцијата на ул.„Радишанска“
- 04.03.2023 - Реконструкција на улицата Александар Урдаревски
- 01.03.2023 - Постигнат договор со приватните превозници во град Скопје
- 28.02.2023 - Пуштена во употреба улицата „Христофер Жефаровиќ“ во Сингелиќ
- 17.02.2023 - Нов кружен тек во Ѓорче Петров