Соопштение за јавност 09.10.2024
Во Обединетите Нации во Женева, Швајцарија се одржа Форумот на градоначалници 2024 со претставници на градовите од сите континенти и држави членки на ОН. Во рамки на форумот на „Самитот на градовите на иднината“ се разговараше за основните пораки на Пактот за иднината кој се одржа минатиот месец во САД и се овозможи градоначалниците да имаат глас во Обединетите Нации преку директни состаноци со шефовите на меѓународните организации.
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска која беше избрана за прв претседател на Форумот на градоначалници на Обединетите Нации го претседаваше настанот. Градоначалниците од сите континенти изготвија заедничка изјава, нагласувајќи ја клучната улога на локалните и регионалните власти во имплементација на проектите на патот кон поодржлива иднина за сите. Декларацијата како исход од Форумот на градоначалници директно придонесува кон активностите на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој во своето обраќање кон Форумот нагласи дека без силни институции и мултилатерална соработка на централните и локалните власти, ќе се креира уште поголема фрегментација.
Форумот на градоначалници на Обединетите нации за прв пат како официјално тело се формираше во 2023 година. Исклучителна чест претставува фактот што градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, како претставник на Македонија, на првите официјални избори беше избрана за претседател и преку директно гласање ја доби довербата на Форумот во кој учествува по еден градоначалник од секоја држава од Пан-европскиот регион, Северна Америка, Африка, Азија, Латинска Америка и Блискиот Исток.
Арсовска заедно со нејзиниот тим учествуваат директно во формирањето на програмата на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиштето на Обединетите Нации и преку усвојување на декларации учествуваат во креирање на меѓународните политики за локалните власти.
- ВЕСТИ
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 09.10.2024 - Соопштение за јавност
- 09.10.2024 - Соопштение за јавност
- 08.10.2024 - Соопштение за јавност
- 01.10.2024 - Соопштение за јавност
- 25.09.2024 - Соопштение за јавност: Авионска и терестрична дезинсекција против комарци
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност