Честитка на Градоначалничката на Град Скопје Арсовска по повод католички Велигден 09.4.2023
На сите христијански верници кои го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден според Грегоријанскиот календар, им честитам со желби за добро здравје, мир и среќа.
На покана на Монсињор д-р Киро Стојанов, католичкиот бискуп на Скопската бискупија и Струмичко-скопски епарх за Католиците од византиски обред во Македонија, присуствував на Велигденското бдение.
На денот на овој голем христијански празник, во духот на меѓусебното почитување, да си помагаме еден со друг, со добра мисла да посакаме милост и благослов за изнемоштените, разбирање и сплотеност на семејствата, пријателите и соседите.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
