Градот Скопје набавува 350 нови униформи за скопските пожарникари 09.6.2022
Градот Скопје објави јавен повик за набавка на 250 работни информи и 100 интервентни униформи за скопските пожарникари, како и набавка на противпожарна опрема.
Во рамките на новите 350 униформи, скопските пожарникари ќе добијат нови комплети опрема и за зимски и за летни услови вклучително нови интервенциски одела, интервенциски ракавици, интервенциски шлемови со заштитни очила, интервенциски чизми, чизми за шумски пожари и технички интеревенции и друга опрема неопходна за ефикасно реализирање на работните задачи.
Во делот на набавката на противпожарната опрема опфатено е набавка на одводни противпожарни црева, млазници и универзално пенило за гасење пожар.
Градот Скопје продолжува да инвестира во техничката опременост и модернизирање на противпожарната бригада со цел обезбедување подобри и побезбедни услови за работата на скопските пожарникари.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
