Арсовска: Во првите 82 дена Скопје ќе добие Еко совет, експерти ќе ги даваат најдобрите решенија, ќе се реализира и проектот кај Мавровка за намалување на хаосот 09.12.2021

- Целиот сообраќаен хаос е нешто на кое му е потребно сеопфатно решение.  Нешто што прво ќе се реализира во првите 82 дена е градскиот Еко совет, место кое ќе ги обединува сите експерти, академската фела, луѓето кои треба да ги дадат најквалитетните решенија, изјави градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска за „Само интервју“ на Канал 5 телевизија  додавајќи дека постојат многу решенија за сообраќајниот хаос, како и решавање на другите проблеми на скопјани.

Арсовска истакна дека решенијата се тука и не треба да се реализираат без консултација со најповиканите за да не се случуваат проблеми при имплементација.

- Често гледавме како некои прават нешто што не го разбираат, сега ќе биде поинаку и луѓето кои треба да бидат вклучени ќе бидат од сам почеток, а не откако ќе заврши проектот па потоа да бидат само консултирани.  Идејата дека Скопје треба да биде функционален град не треба да застане. Заложбите се тоа што е добро и квалитетно да се спроведе, а штетното да се прекине, а да се реализираат проектите за кои скопјани гласаа на овие избори, рече Арсовска.

Арсовска во однос на мостот во Аеродром вели дека голем е процентот на нерешени имотно правни односи и средствата на граѓаните се фрлани на проекти кои не се знае кога ќе се завршат заради нерешени имотно правни односи.

- Во делот кај Мавровка тоа е кружница на две нивоа на тоа ќе почне од местото каде што порано беше саемот и ќе се движи до надвозникот на старата скопска чаршија и тоа е решение кое ќе го релаксира сообраќајниот хаос, истакна Арсовска.