Арсовска: Досега се исчистени над 30 диви депонии, ќе се казнуваат сите кои го загрозуваат здравјето на скопјани 09.12.2021
- Во текот на кампањата детектирани беа над 120 диви депонии во Скопје. Сега до овој момент имаме исчистено над 30 и тоа целосно, а во истата фаза поставуваме заштита во зависност дали е имотот на државата или приватни сопственици, истото да се заштити за да не фрлаат повеќе. И тоа е еден од чекорите, а потоа и службите ќе започнат со казнување со големи глоби, изјави за „Само интервју“ на Канал 5, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Таа истакна дека има еден сеопфатен систем, дел депонии се санирани, а дел исчистени целосно.
- Она кое ќе го отпочнеме се строги казни со илјадници евра и никој нема да биде поштеден доколку го загрозува здравјето и животот на скопјани, рече Арсовска.
- Исто така ќе се стави во употреба и дрон кој ќе детектира депонии, а службите се екипираат и ќе почнат да работат во смени. Нема да има во ниту еден случај простување, ќе се постапува по повеќе закони во исто време, дополни Арсовска.
Таа појасни дека ретко кога тоа го прават индивидуалци, напротив, некој зема пари за тој шут да оди на дива депонија наместо во депонија за таа намена.
- Што се случува, имаше огромна депонија која опфаќаше две големи парцели каде активно се фрлаше отпад и го палеа за да се намали обемот и да може повторно да фрлаат на истото место. Со тоа се загрозува здравјето и животот на скопјани, потенцираше Арсовска.
- ВЕСТИ
- 17.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 13.10.2024 - Соопштение за јавност
- 09.10.2024 - Соопштение за јавност
- 09.10.2024 - Соопштение за јавност
- 08.10.2024 - Соопштение за јавност
- 01.10.2024 - Соопштение за јавност
- 25.09.2024 - Соопштение за јавност: Авионска и терестрична дезинсекција против комарци
- 20.09.2024 - Соопштение за јавност