Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk 09.12.2021
Активно функционира електронската адреса за комуникација на Град Скопје со граѓаните 24@skopje.gov.mk како дел од програмата за отворен град 24 часа. Во првите 24 часа до Градот се испрати 51 барање од граѓани и истите се процесирани од градската администрација.
Преку новата електронска адреса, граѓаните пријавуваат проблеми и барања до Град Скопје, а најголем број од нивните пријави се однесуваат на проблеми поврзани со сообраќајот, инфраструктура, комунална хигиена, како и барања за поголема ажурност на секторските одделенија даноци, урбанизам и целокупната градска администрација. Голем дел од барањата на граѓаните се веќе решени, а преостанатите се во процес на решавање.
Градот Скопје на овој начин овозможува подобри услуги за граѓаните, транспарентност во работата, преку целосно дигитализирана администрација која ќе биде во служба на граѓаните.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
