ПРИВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ НА ДЕЛ ОД БУЛЕВАРОТ МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ 10.8.2020
Ве известуваме дека од денеска, 10.08.2020 година (понеделник) на дел од бул. Митрополит Теодосиј Гологанов, во близина на Паркот Македонија во општина Карпош, поради изведба на градежни работи за поставување на вреловод, ќе биде воведен времен режим на сообраќај.
Времената измена на режимот на сообраќај ќе биде означена со посебна сигнализација, а ќе важи до завршување на градежните активности што ќе ги реализира Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје.
Во месец септември, времена сообраќајна измена на режимот, ќе има и на мал дел од ул. Јуриј Гагарин, каде што ќе се изведува прекоп за поврзување на вреловодната мрежа.
Апелираме до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот.
- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
