Град Скопје заврши со реконструкција на улицата Славејко Арсов 11.9.2023
Градот Скопје ги заврши градежните работи за реконструкција на улица „Славејко Арсов“ во општина Центар, со што се исполнува уште едно ветување за реализација на проект од програмата За модерно Скопје. Реконструкцијата на оваа улица која беше во катастрофална состојба е повеќедецениско барање од страна на граѓаните.

Целосната реконструкција на коловозот на улицата „Славејко Арсов“ и нејзините краци беше изведена на барање на жителите со цел зголемување на безбедноста и сигурноста во сообраќајот во овој дел од градот. Градежните работи на површина од 4.700 метри квадратни и должина од 1.000 метри, ги изведе јавното претпријатие “Улици и патишта Скопје”.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
