ЈП Улици и патишта санираат оштетувања на улиците и поставуваат сообраќајна сигнализација 12.2.2022
Eкипи на Град Скопје и на ЈП Улици и патишта во текот на вчерашниот ден на булевар Свети Климент Охридски извршија обнова на флексибилни столпчиња на велопатеката, а на потегот од улицата Загребска до Детската клиника санираа ударни дупки.
На улиците Цветан Димов и Џон Кенеди во текот на вчерашниот ден се санираа бекатон плочи на тротоарите, а пред пешачкиот премин кај старата меѓуградска станица се подготвува теренот за поставување на сообраќајни знаци. На булевар Босна и Херцеговина во делот со улица Лазар Трповски се врши подготовка за семафорска инсталација, додека во општините Бутел, Карпош и Кисела Вода се поставува вертикална сигнализација на повеќе улици и булевари.
Екипите на ЈП Улици и патишта континуирано детектираат и санираат оштетувањата на коловозите на булеварите и на улиците низ градот, а вршат и замена или поставуваат дополнителна сообраќајна сигнализација со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
