Градот Скопје распиша Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за обештетување од каснувања од бездомни кучиња 12.5.2022
Град Скопје објави Јавен повик за избор на надворешни членови и заменици членови на Комисијата за постапување по барања за надоместок на штета, предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје.
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуката за утврдување на надоместок на штета предизвикана од каснување на бездомни кучиња („Службен гласник на Град Скопје“ бр. 5/22), како и на член 4 став 4 од Правилникот за начинот и постапката на утврдување и исплата на надоместокот на штета предизвикана од каснување од бездомни кучиња, број 08-5213/1 од 04.05.2022 година.
Предмет на јавниот повик е избор на надворешни членови и заменици членови на Комисија за постапување по барања за надоместок на штета предизвикана од каснувања од бездомни кучиња на граѓани на подрачјето на Град Скопје, и тоа:
- 1 (еден) член и 1 (еден) заменик член од редот на лиценцирани лекари трауматолози
- 2 (два) члена и 2 (два) заменици членови од редот на лиценцирани лекари од областа на психијатријата.
Рокот за пријавување е до 17.05.2022 година.
Повеќе информации поврзани со јавниот повик може да добиете на линкот www.skopje.gov.mk/media/8536/јавен-повик-за-избор-на-членови-на-комисија-mkd.pdf
Лицата заинтересирани за аплицирање, прашања за појаснување на јавниот повик, може да поставуваат до Сектор за правни работи. Контакт тел: (02)3297- 348 и (02)3297-259 и e-маил адреса: Julijana.Bilkova@skopje.gov.mk
- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
