ИЗГРАДБАТА НА БУЛЕВАРОТ АСНОМ Е ВО ТЕК 12.12.2019

Градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ, на потегот од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелевски се во тек.

Екипите на Град Скопје изминатиов период целосно ја асфалтираа десната страна од проширениот булевар, а набрзо ќе почне да се асфалтира левата страна. 

Должината на трасата во првата фаза изнесува 845 метри, новиот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

Ова е првата од трите фази за изградба на овој булевар, а во наредните фази ќе биде изграден мост на реката Вардар и проширениот булевар ќе се поврзе со булеварот  Гоце Делчев.

Со целосната реализација на овој капитален проект ќе се добие брзо, безбедно и модерно сообраќајно поврзување на општините Аеродром, Центар и Гази Баба.