Одбележaн Меѓународниот ден на младите во Скопје со кино на отворено и музичка забава во Градскиот парк 13.8.2023
Голем број млади посетители вчеравечер во Градскиот парк се забавуваа и уживаа на културно забавниот настан по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на младите.

Настанот во организација на Град Скопје, во соработка со МКЦ и Универзална и Кинотека на РСМ, почна со проекција на отворено на филмот „Сестри“ од режисерката Дина Дума, а потоа следеше музичката забава за младите со настапите на DJ Marigo и Zoki Bejbe.

Овој настан на отворено во Градскиот парк ќе продолжи да се организира секоја сабота до средината на септември, а посетителите ќе можат да се дружат и да уживаат во културно забавна програма.

- ВЕСТИ
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
- 28.09.2026 - Соопштение
- 22.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 18.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 16.09.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.09.2026 - Соопштение за јавноста
- 02.09.2026 - Соопштение за јавноста
