Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел и на гробот на генерал Михајло Апостолски 13.11.2022
На 13 ноември пред 78 години борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичката окупација.

Во чест на 13 Ноември, Денот на ослободување на Скопје, со делегација од Градот Скопје, денеска положивме цвеќе и им оддадовме почит пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќе положија и делегација на Владата на Република Македонија; Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна - Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Републикa Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.
- ВЕСТИ
- 19.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 14.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 04.08.2026 - Соопштение за јавностa
- 27.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 21.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 13.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 09.07.2026 - Соопштение за јавностa
- 07.07.2026 - Соопштение за јавноста
- 24.06.2026 - Соопштение за јавностa
