
Свечено доделени наградите 13 Ноември 13.11.2023
Вечерва во Кинотека на Македонија, Градоначалничката Данела Арсовска свечено ги додели наградите 13 Ноември за 2023 година на личности кои со својата работа и ангажман придонеле за афирмација на градот Скопје и Македонија.

Добитници на наградата 13 Ноември годинава се:
акад. Влада Урошевиќ
за романот „Вистината но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени”;

Од областа на образованието и воспитанието:
проф.д-р Бона Бајрактарова
за севкупниот значаен придонес на полето на научно-истражувачката и публицистичка работа во Стоматологијата-особено во доменот на детската и превентивна стоматологија како и воведувањето на ефикасни превентивни методи што севкупно е придонес кон подобрување на оралното здравје, особено на младата популација на градот и пошироко;

Од областа на образованието и воспитанието:
прoф.д-р Соња Здравкова – Џепароска
за повеќе годишни достигнувања, признанија и придонеси во развојот на педагошката, воспитната и научната дејност, особено во доменот на уметничката едукација и унапредувањето на танцовата уметност во градот и надвор од границите на нашата земја;

Од областа на културата:
Благој Чоревски
за повеќе од 50 годишна творечка и општествена активност во доменот на творечкото воздигнување на градот Скопје, државата и пошироко;

Од областа на науката:
проф.д-р Елка Јачева –Улчар
за нејзиниот исклучителен творечки придонес на полето на лингвистиката и македонистиката;

Од областа на уметноста:
Ѓорѓи Цуцковски
поради неговиот исклучителен придонес за оперската уметност во нашата земја и надвор од нејзините граници;

Од областа на здравствената заштита:
проф.д-р Билјана Кузмановска
за долгогодишен придонес во унапредување на здравствената заштита во областа на анастезиологијата, реанимацијата и интензивното лекување во регионални и во интернационални размери, а особено и голем придонес во учеството на тимот кој работи на трансплатација на црниот дроб;

Од областа на здравствената заштита:
д-р Ирфан Ахмети
за долгогодишен придонес во унапредување на здравствената заштита и долгогодишен ангажман во областа на дијабетот и обезноста;

Од областа на хуманитарната активност:
ДНК (музичко дуо)
Владимир Блажев – Панчо, Андреја Ѓорѓиески-Андреј
за повеќе од 20 годишен придонес преку одржување на бројни хуманитарни концерти;

Од областа на хуманитарната активност:
Елена Божиновска
за посебен придонес за правата на децата и младите од самохрани и еднородителски семејства и организирање на хуманитарни акции за помош на овие семејства;

Од областа на социологијата:
Али Пајазити
за достигнувања во областа на социологијата како публицист, автор на повеќе книги и научен преведувач на повеќе дела;

Од областа на спортот:
Атанас Костовски
за општествен придонес во развојот на спортскиот живот на Град Скопје во изминативе 65 години;

Од областа на спортот:
СУГС Гимназија „Никола Карев”-Скопје
за освоеното прво место на Европското првенство во кошарка за средношколци 2023 година.
- ВЕСТИ
- 01.12.2023 - Се реализира втора фаза од стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи
- 29.11.2023 - Соопштение за јавност
- 23.11.2023 - ГРАДОТ СКОПЈЕ СО ARTech И САЕМ ЗА МЛАДИ ГИ ПРОМОВИРА КРЕАТИВНИТЕ ИНДУСТРИИ
- 23.11.2023 - Градот Скопје започна со реконструкција на мостот на улица 10 во општина Карпош
- 23.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Соопштение за јавност
- 20.11.2023 - Градоначалничката Арсовска ја отвори регионалната конференција за зајакнување на претприемништво
- 20.11.2023 - ЗАПОЧНА ЗАВРШНАТА ФАЗА НА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „808“ ВО ОПШТИНА ГАЗИ БАБА
- 18.11.2023 - УПРАВНИОТ ОДБОР НА ГЛОБАЛНИОТ ПАРЛАМЕНТ НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ВО СКОПЈЕ
- 17.11.2023 - Реализирано уште едно ветување од програмата За модерно Скопје, реконструирана улицата Никола Карев