Соопштение за јавност 13.11.2024
Денес одбележуваме важен јубилеј, одбележуваме 80 години од ослободувањето на нашето Скопје – момент кој значи не само ослободување од тешкото бреме на војната, туку и почеток на самостојност, независност и непрекината борба за подобро утре.

Овој историски ден е симбол на победата на духот, на решителноста и храброста на генерациите што со својата пожртвуваност ја донесоа слободата за сите нас. Тие херои, со неуморната борба за правда и достоинство, ни оставија аманет да го негуваме и почитуваме она што тие го постигнаа – да го градиме Скопје како град на успеси и перспективи.
80 години подоцна, ние сме сведоци на независна и суверена Македонија, и Скопје како нејзин центар на културата, напредокот и единството. Оваа годишнина е момент да се обврземе и да ги вложиме нашиот труд и посветеност за нови победи и постигнувања во иднината.

Со гордост и почит да се однесуваме кон споменот на нашите предци и нивните дела, и обединети во напорите да го направиме нашиот град поубав, поуспешен и посветол за идните генерации.
- ВЕСТИ
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
- 01.10.2026 - Соопштение
