ЈП Лајка утре организира ОТВОРЕН ДЕН 13.5.2022
Поради големиот интерес и желба на граѓаните да волонтираат и да се дружат со кучињата коишто се згрижени во прифатилиштето за бездомни кучиња, ЈП Лајка организира ОТВОРЕН ДЕН, утре( сабота 14.05.2022год) од 11:00 до 15:00 часот.
На овој отворен ден пријавените волонтери ќе имаат можност во паркот на милениците да се дружат, односно да играат, хранат, бањаат и да ги чешлаат кучињата од Лајка.
Воедно, ЈП Лајка ги поканува и оние граѓани што планираат или размислуваат да вдомат куче својот миленик да го изберат од нивното прифатилиште.
На отворениот ден посетителите и потенцијални вдомувачи на куче ќе имаат можност да се запознаат подобро со кучињата за кои се заинтересирани и да ги добијат сите детални информации и одговори на нивните прашања.
Од ЈП Лајка најавуваат дека отворените денови планираат да ги организираат еднаш во текот на секој месец, со цел да ги доближат граѓаните до нивната работа, а истовремено да ги поттикнат сите оние што сакаат да вдомат бездомно куче.

- ВЕСТИ
- 04.11.2026 - Конкурс „Скопје ги слуша детските желби“
- 22.10.2026 - Соопштение
- 21.10.2026 - Скопје домаќин на 5-тиот проектен состанок и студиската посета во рамки на проектот TERRAIN
- 20.10.2026 - Соопштение
- 19.10.2026 - Соопштение
- 13.10.2026 - Соопштение
- 12.10.2026 - Соопштение
- 06.10.2026 - Соопштение
- 04.10.2026 - Соопштение
- 02.10.2026 - Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти што се наоѓаат на подрачјето на Град Скопје
